Глик: Не дозволивме изненадување против Македонија, заслужено одиме на ЕП

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Полска се пласира на Европското првенство, а Макед0нија останува да се бори за третата позиција во групата што може да биде најдобар пласман за нашиот сениорски репрезентативен фудбал. Триумфот од 2-0 е заслужен, вели дефанзивецот на полскиот состав, Камил Глик.

„Бевме подобри, не дозволивме изненадување против Македонија и заслужено одиме на ЕП. Тие само неколкупати шутираа од далечина, немаа вистинска шанса, а ние во финишот доминацијата ја претворивме во победа. Не е се идеално кај нас, ниту во соблекувалната, јас преферирам некои работи да си ги кажеме како мажи, но одиме понатаму, сакаме да бидеме први во групата и потоа да се подготвуваме за настапот на Европското првенство“, изјави полскиот дефанзивец Камил Глик.

Се вчитува...