Глишиќ од Вардар продолжува во Партизани Тирана?

Довчерашниот вардаров фудбалер Дарко Глишиќ е пред продолжување на кариерата во редовите на албанскиот прволигаш Партизани Тирана.

26-годишниот Глишиќ ова лето, по цели четири години, ја прекина соработката со Вардар па сега, како што пренесуваат албанските медиуми, е во финални преговори за трансфер во Партизани.

Во редовите на Партизани веќе настапуваа поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими, како и поранешниот фудбалер на Шкендија, Егзон Белица.

Дарко Глишиќ претходно во својата кариера има настапи и за домашните Напредок, Скопје и Тетекс, како и Олимпија Сараево во БиХ и грузискиот Динамо Тбилиси.

Се вчитува...