Глишиќ заминува од Шкупи, се сели во Докса

Левокрилниот дефанзивец Дарко Глишиќ најверојатно низ зимскиот преоден рок ќе се раздели со Шкупи.

Според најавите, Глишиќ најверојатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на кипарска Докса.

Пред заминување е и голманот Кристијан Наумовски кој, исто така, има неколку понуди за продолжување на кариерата во странство.

Шкупи досега единствено, како свој нов член, го промовираше досегашниот фудбалер на Академија Пандев, Кристијан Трапановски.

Се вчитува...