Глумеше дека е повреден, а отиде во кечери – па доби отказ

Адил Рами повеќе не е член на Олимпик Марсеј откако францускиот клуб реши да го раскине договорот со поранешниот француски репрезентативец. Причината е непрофесионалниот однос на Рами, кој во текот на летово лажел дека е повреден, за потоа да ги шокира тренерите и соиграчите појавувајќи се на ТВ-шоу посветено за кечери.

Тој беше финансиски казнет веднаш по случката, а раководството на клубот на крајот реши и целосно да ја прекине соработката со него.

Овој 33-годишен дефанзивец пред неколку месеци ја прекина врската со долгогодишната девојка, холивудската ѕвезда Памела Андерсон. Откако остана и без клуб, јасно е дека Рами се соочува со сериозни проблеми.

Се вчитува...