Глупост на векот: Лисандро доби црвен картон – за кубење (видео)

Лисандро Мартинез за првпат по три месеци беше стартер во одбраната на Манчестер јунајтед, но Аргентинецот се посрамоти со неспортскиот потег, добивајќи црвен картон поради кубење на противничкиот напаѓач Доминик Калверт Луин.

Лисандро немоќен по еден воздушен дуел реши да возврати, влечејќи го противникот за коса. Голгетерот на Лидс реагираше, судијата Тирни не го забележа најдобро инцидентот, но по ВАР-контролата беше утврдено дека станува збор за агресивно однесување, по што на Мартинез му беше покажан патот кон соблекувалните.

Неспортскиот потег на Лисандро и заслужениот црвен картон можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...