Глупост на векот на Фелипе Рејес (видео)

Реал Мадрид загуби минимално на домашен терен од Олимпијакос, а крајниот исход можеше да биде сосема поинаков ако Фелипе Рејес не се однесуваше почетнички во клучните моменти од последната четвртина.

Имено, при водство на Реал од 73-70 беше досудена намерна лична грешка врз Рејес, што делуваше како идеална можност за „кралевите“ одновно резултатски да се одлепат. И тогаш ветеранот се посрамоти, не само што ги промаши двете слободни фрлања, туку по она второто ја шутна високо топката во воздух.

Следеше техничка грешка за него, по што Олимпијакос доби слободно фрлање, но и Реал го загуби поседот што му следеше за намерната грешка врз Рејес. Веднаш по реализираното слободно фрлање Принтезис погоди тројка, Олимпијакос поведе, а Фелипе Рејес стана трагичар во најновиот пораз на „кралевите“.

Се вчитува...