ГН на Бахраин: Пол-позиција за Леклер, возачите на Мерцедес ги нема во првите четири

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на првата трка во овогодинешната сезона во Формула 1, за ГН на Бајраин.

Леклер оствари време 1:30.588, што беше за 0,123 секунди победо од актуелниот светски првак, Макс Верстапен.

Третото место го освои вториот возач на Ферари, Карлос Санјц, а од вториот ред трката ќе ја почне вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Петто време имаше возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Трката за ГН на Бахраин се вози утре во 16 часот.

Се вчитува...