ГН на Канада: Ферстапен со пол-позиција во дождливиот Монтреал

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе ја започне Големата награда на Канада од пол-позицијата откако извозе најбрз круг во третата квалификациска рунда на дождливата патека. Зад него ќе стартуваат Фернандо Алонсо и Карлос Саинз , а во првите десет место осигураа и Хамилтон, Магнусен, Шумахер, Окон, Расел, Рикардо и Жу.

Шарл Леклер поради серија на промени на моторот трката ќе ја започне од последното место, но во полза на Ферари беше и излетувањето на Серхио Перез кој во вториот квалификациски круг заврши во заштитната ограда па ќе стартува од 13. место.

Се вчитува...