Гнабри не дозволи кикс на Баерн Минхен со Келн (ВИДЕО)

Баерн Минхен беше во ситуација „од готово – вересија“ во 2. коло од Бундеслигата, но германскиот репрезентативец Серж Гнабри не дозволи баварскиот тим да испушти триумф против Келн на домашен терен.

Баерн, по првото полувреме без голови, со два брзи гола на Левандовски во 50. минута и Гнабри во 59. минута дојде до предност од 2-0.

Но, гостите со головите на Модесте во 60. минута и Ут во 62. минута успеаја да дојдат до 2-2. Сепак, Гнабри со својот втор гол во 71. минута ги постави конечните 3-2 и втора победа за Баерн на стартот од новата сезона.

Се вчитува...