„Гнабри треба да одлучи дали ќе остане, ние немаме неограничена количина на пари“

Германскиот репрезентативец Серж Гнабри, и натаму не го продолжува договорот со Баерн Минхен. Фудбалерот бара повеќе пари, во спротивно се заканува дека ќе го напушти тимот, а за неговиот потпис веќе чека Ливерпул.

Интересна изјава околу него даде спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ кој кажа дека многу сака Гнабри да остане, но дека работите зависат само од него.

„Останува тој да одлучи. Тоа момче е фантастрично и би сакале да го задржиме. Но, немаме неограничена количина на пари, а веќе контактираме со некои за да го задржиме срцето на екипата. Ќе видиме што ќе биде со оглед на финансиската ситуација во клубот“, изјави Салихамиџиќ.

Гнабри четири години е дел од Баерн, а претходно играше за Арсенал и ВБА. Веќе некое време се поврзува со враќање во Премиер-лигата, поточно во Ливерпул.

Се вчитува...