Го бара Јувентус, а Ајнтрахт му нуди нов договор

Само неколку часа откако се појави информација дека српскиот интернационалец Филип Костиќ влегол во преговори со Јувентус, Ајнтрахт Франкфурт му нуди нов договор на Србинот. Ајнтрахт следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, па сака да направи што подобар тим за што подобро да се претстави во ова натпреварување.

Ајнтрахт истовремено ја одреди и цената по која Костиќ може да си замине од клубот, а таа изнесува 20 милиони евра затоа што договорот на репрезентативецот на Србија истекува идното лето.

Тимот од Франкфурт му нуди нов договор до 2026 година. Лани беше пред трансфер во Лацио, но истиот пропадна поради недоразбирање. Една година подоцна Костиќ со Ајнтрахт ја освои Лигата на Европа, а токму Србинот беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Се вчитува...