Го бараа Интер и Баерн, а тој се одлучил за Фрајбург!?

Се помалку се фудбалерите кои наместо славата, го бираат својот омилен тим, и сакаат да играат за него. Таква е ситуацијата со Матијас Гинтер, кој што е пред потпис со Фрајбург, иако за него сеиорозно беше заинтересиран Интер, па дури се шпекулираше дека има и преддоговор со „нероазурите“. Исто така за него имаше интерес и од Баерн.

Стоперот на Борусија Менхенгладбах веројатно одбрал да се врати во Фрајбург, во градот во кој е роден, и во тимот во кој настапуваше во младинските категории, а потоа и во сениорите. Тој би дошол како замена за Нико Шлотербек кој што замина во Борусија Дортмунд. Информациите велат дека ги одбил големите клубови, поради тоа што е носталгичари и сакал по секоја цена да се врати во својот роден град, а исто така Фрајбург има можност да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Гинтер на крајот од сезоната ќе биде слободен играч, а овој 28-годишен фудбалер настапуваше во младите категории на Фрајбург, а потоа две години и во сениорите. Во 2014 година се сели во Борусија Дортмунд, каде ќе игра до 2017 година, а во последните пет години е дел од другата Борусија, од Менхенгладбах.

Интересно е тоа што во 2019 година беше прогласен за најдобар домашен фудбалер на годината во Германија. Тој беше дел од националниот тим на Германија во 2014 година и се закити со златниот медал.

Се вчитува...