Го бараат Ливерпул и Јунајтед, но тој останува лојален на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд традиционално не продава повеќе од еден врвен играч во еден преоден рок, а летово тоа ќе биде Ерлинг Халанд. Долго време се најавуваше дека од Дортмунд ќе си замине и Џуд Белингем, за поранешниот играч на Бирмингем се интересираа Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но англискиот репрезентативец самиот стави крај на шпекулациите, истакнувајќи дека нема намера да си замине од Дортмунд.

Борусија плати 25 милиони фунти за да го доведе тинејџерот Белингем од Бирмингем во 2020 година, младиот Англичанец се покажа како извонредно засилување, а сезонава зад неговото име останаа запишани шест гола и 11 асистенции. Англиските клубови не жалат пари за да го доведат овој фудбалер во своите редови, но Белингем летово нема да ги менува клупските бои.

„Фокусот ми е целосно ставен на Борусија Дортмунд. Размислувам само за наредниот меч за мојот тим, а со нетрпение го очекувам и стартот на новата сезона. Да, јас ќе бидам овде и следната сезона, подготвен да помогнам за уште подобри резултати. Се уште верувам дека Борусија е вистинскиот клуб за мене, да продолжам да се развивам како играч“, изјави Белингем.

Се вчитува...