Го чекаа Вардар и Работнички, а Моунпаин си потпиша за австрискиот третолигаш Австрија Клагенфурт!

Уште една потврда за „атрактивноста“ на македонската фудбалска лига…!? Вардар и Работнички изминатиов период посакуваа во своите редови да го видат камерунскиот репрезентативец Оусени Моунпаин, но очигледно недоволно атрактивни – Камерунецот одлучи кариерата да си ја продолжи во австриската Трета лига.

24-годишниот Моунпаин, кој игра на централната дефанзивна позиција, изминатава полусезона настапуваше во редовите на ФК Скопје, па по квалитетните настапи доби и повик за настап во селекцијата на Камерун.

Поради неможноста да ја продолжи соработката со Скопје, кој се пресели во Втората лига, Моунпаин беше цел на неколку домашни прволигаши. Но, на крајот одлучи да стави потпис со Австрија Клагенфурт кој се натпреварува во Третата регионална лига во Австрија.

Се вчитува...