Го добивме најсмешниот автогол во историјата на универзумот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Реал Сирет и Огузспор од втората молдавска лига стана вирален хит на социјалните мрежи по еден од најкомничните и најнеобичните голови видени оваа сезона.

Иако домашниот тим на крајот славеше убедлива победа од 5-2, главна тема во фудбалскиот свет е вториот погодок на гостинската екипа. Фудбалерот Никита Чедирен упати еден прилично непрецизен и безопасен удар кон противничкиот гол. Но, наместо во аут, топката директно го погоди неговиот соиграч кој во тој момент лежеше на тревата и се жалеше на повреда.

Од неговото тело топката целосно го смени правецот и заврши во мрежата. Голманот на Реал Сирет веќе беше тргнат кон повредениот фудбалер очекувајќи судијата да ја прекине играта, па остана целосно затечен и немоќен.

Се вчитува...