Лапорта: Го гледав Меси на дебито за ПСЖ, беше многу чудно

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на прес-конференција откри дека веќе воопшто не е во контакт со Лионел Меси по заминувањето на Аргентинецот од каталонскиот клуб.

Лапорта имаше договор за продолжување на соработката со Меси, но поради огромните финансиски проблеми на Барселона тој договор не можеше да биде депониран во Ла Лига, по што Аргентинецот како слободен играч се преселиво ПСЖ.

„Мислам дека двајцата се чувствувавме лошо бидејќи целата ситуација не заврши како што посакувавме. Не сум зборувал со него откако си замина. Го гледав неговото деби во Франција и морам да признаам дека беше чудно да го гледам во дрес на друга екипа. Не ми се допаѓаше тоа“, изјави Лапорта. 

Барселона ерата по Меси во Ла лига ја почна со две победи и едно реми во три натпревари.

Се вчитува...