Го избркаа од Вардар, сега е на проба во Фленсбург

Фленсбург се соочи со неочекуван проблем пред стартот на сезоната откако првиот пивот на германкиот клуб, Јоханес Гола, заработи тешка повреда по која го очекува пауза од најмалку три месеци од терените. Во една таква ситуација, челниците на Фленсбург се во потрага по нов пивот, а една од опциите е и поранешниот член на Вардар, Сергеј Горпишин.

Русинот мина една година во црвено-црниот дрес и воопшто не импресионираше со своите настапи. Тој неслучајно беше меѓу првите кои добија шут-карта по промената на сопственичката структура во Вардар, но како што стојат работите тој би можел да заигра во Бундес-лигата.

Горпишин ги мина последните денови на проба во Фленсбург, а тренерот Мајк Мачулија наскоро ќе донесе одлука дали да го задржи поранешниот „вардарец“ во својот тим.

„Во ситуација кога Гола е во аут, Сергеј може да биде добра опција за нас до Божиќ“, изјави Мачулија за германските медиуми.

Се вчитува...