Го напушта Интер и потпишува за Панатинаикос

Панатинаикос ќе го комплетира трансферот на македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, а „зелените“ од Атина во меѓувреме договорија уште едно засилување, овојпат за одбранбената линија.

Холандскиот ветеран Штефан де Фрај ќе биде нов член на ПАО откако ги прифатил понудените услови да се пресели во Атина. Тој до лани го носеше дресот на Интер, но минатата сезона беше со значително намалена минутажа, јасен предзнак дека италијанскиот клуб нема да му го продолжи договорот.

Холанѓанецот летово стана слободен играч, на маса имаше и понуди за враќање во татковината, но на крајот ја избра онаа на ПАО.

Тој ќе заработи 1,5 милиони евра за следната сезона, со можност соработката следното лето да биде продолжена за уште една година, под истите услови.

Се вчитува...