Го напушти МЗТ Скопје и потпиша за Галатасарај

Раџип Атар пристигна во МЗТ Скопје како засилување за центарската позиција, не се снајде најдобро во тактичките замисли на тренерот Кочов, по што 20-годишниот кошаркар реши да си замине од македонскиот првак и да се врати назад во татковината, потпишувајќи договор со Галатасарај.

Атар се пријави на НБА-драфтот, но откако ниту еден клуб не покажа интерес за неговите услуги реши да се врати во Турција, прифаќајќи ја понудата на Галата.

Атар беше дел од последното Европско првенство за младинци, каде во просек постигнуваше по 11,5 поени и 5,8 скокови по натпревар.

Се вчитува...