Го нарече Роналдо свиња, па сега го чека казна

Порто успеа да го елиминира Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите. Очекувано Португалците не го криеја задоволството од резултатот во Торино, но имаше од таборот на Порто и брутални навреди кој најголемата ѕвезда на Јувентус и нивни сонародник, Кристијано Роналдо.

Фернандо Саул, човекот кој работи во Порто како официјален спикер на натпреварот, го навреди јавно Роналдо користејќи повеќе од брутални навреди.

„Им се осветивме на италијанските лопови за поразот во Базел во 1984 година (финале од Купот на победниците на куповите). И се осветивме на таа свиња Роналдо за се што правеше на Драгао. Чекам видео од Долорес (мајката на Роналдо) и останатите штрбави членови на семејството“ – напиша Саул на Инстаграм.

По сето тоа Порто сега покрена дисциплинска постапка против Саул, на кого ова не му е прв ваков испад. Пред неколку години беше суспендиран поради навреди кон Бенфика.

Саул се извинува, но тешко дека ќе избегне нова суспензија.

„Управниот одбор на Порто одлучи да покрене дисциплинска постапка против спикерот на клубот Фернандо Саул поради напишаното на социјалните мрежи по натпреварот на Порто со Јувентус“ – се вели во официјалната информација од португалскиот тим.

Се вчитува...