Борусија Дортмунд експресно се врати на победнички патеки откако лесно и убедливо славеше на гостувањето против Падерборн со 1-6. Ерлинг Халанд поради повреда не настапи на оваа средба, но Џејдон Санчо беше во ритам, одигра извонреден меч и со хет-трик ги предводеше „милионерите“ до заслужени три бода.
По првото полувреме резултатот гласеше 0-0, но на почетокот од вториот дел Борусија поведе преку Азар. Санчо зголеми на 0-2, а откако домаќините намалија преку пенал, Санчо со својот втор гол ја осигура победата на гостинскиот состав. Последните три гола беа постигнати во завршните пет минути, најпрвин прецизен беше Ашраф Хакими, на 1-5 зголеми Шмелцер, пред хет-трикот од контранапад да го комплетира Санчо.
Со денешниот триумф Борусија заостанува седум бода зад лидерот Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА