УЕФА попладнево ги објави имињата на тројцата финалисти во трката за признанието „Играч на годината“, а меѓу нив не се најде место за Лионел Меси. Аргентинецот ја предводеше Барса до титула во Шпанија, но во ЛШ беше елиминиран уште во четврт-финалето, што беше главна причина за Меси да нема место на скратениот список на УЕФА, на кој се најдоа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.
Роналдо имаше фантастична сезона во Лигата на шампионите освојувајќи нова европска круна, но најсериозен ривал на Португалецот ќе биде неговиот поранешен тимски колега Лука Модриќ. Хрватот на титулата во ЛШ се надоврза со извонредни игри на Мундијалот во Русија, каде беше избран за МВП на шампионатот.
Салах имаше неверојатна дебитантска сезона во Ливерпул, успеа да стигне до финалето од Лигата на шампионите, но неговата повреда ги спречи „црвените“ во походот на тронот, а воедно и ги намали шансите на Египќанецот за освојување на индивидуалното признание што го доделува УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА