Го нема Роки нема и трофеи… Атлетико Мадрид го освои УЕФА Суперкупот 2018! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид не дозволи неговиот градски ривал Реал Мадрид да биде првиот клуб во историјата кој стигнат до три едноподруго трофеи во УЕФА Суперкупот. Фудбалерите на Атлетико стигнаа до титулата во Суперкупот победувајќи го Реал на мечот во Талин по продолженијата со 4-2.

Двата погодоци во продолженијата за Атлетико ги постигнаа Саул во 98. минута и Коке во 104. минута од натпреварот…


Претходно, во интересен натпревар со многу пресврти Реал пропушти шанса во регуларниот дел да го одбрани трофејот освоен минатата година во Скопје дозволувајќи Атлетико да стигне до израмнување за 2-2 со голот на Диего Коста во 79. минута…

А, претходно Атлетико поведе со 0-1 со гол повторно на Диего Коста уште во 1. минута од средбата…

„Кралевите“ израмнија преку Бензема во 27. минута, а Серхио Рамос од пенал донесе пресврт за 2-1…


Реал Мадрид не успеа да стигне и до третиот едноподруго трофеј од УЕФА Суперкупот откако славеше претходните две години во Трондхајм и во Скопје, пропуштајќи шанса да се запише во историјата на европскиот фудбал како прва екипа на која и успеало тоа.

Се вчитува...