Го нема Роналдо, но блеска Бејл – „кралевите“ ја скротија и „римската волчица“

Герет Бејл продолжува со импресивните игри во подготвителниот период, преземајќи ја лидерската улога во Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо.

По евро-голот против Јувентус, Бејл беше во главна улога и при синоќешната победа над Рома, меч што „кралскиот клуб“ го доби со 2-1. Тој со фантастична асистенција го проигра Асенсио за водство на Реал по неполни две минути игра, а веќе во 15. минута самиот Бејл биеше прецизно за зголемување на водството на тимот на Хулен Лопетеги.

Се што успеа Рома да стори до самиот крај беше утешниот погодок на Стротман во 82. минута.

Се вчитува...