Го победи коронавирусот, па го сподели искуството: Вака почна се…

Фудбалерот на Падерборн, Лука Килијан, беше прв играч од Бундес-лигата што заболе од коронавирус. Тој успешно ја победи болеста, за сега во интервју за весникот „Вестфален Блат“ да говори за своето искуство.

„Се почна на 10 март, со мала иритација на грлото. Следниот ден имав главоболка, но продолжив да тренирам. Почнав да кревам температура на 12 март, а ден подоцна веќе стана многу тешко, силна температура и треска. Тогаш првпат искрено се исплашив. Минаа четири дена за температурата да се спушти, оттогаш секој ден сум се подобро“, вели Килијан.

Бундеслигашкиот фудбалер испрати гласна порака да се следат препораките на властите и што повеќе време да се минува дома.

Сега можам да го споделам моето искуство, јас сум спортист и сум во одлична форма, но сепак тешко се борев со вирусот. За луѓето кои веќе се болни, тоа може да го загрози нивниот живот. Затоа, сите треба да внимаваме на себе и на луѓето околу нас и да го слушаме она што ни се порачува од страна на државните власти“, порачува Лука Килијан.

Се вчитува...