Го прашаа Федерер кој е најдобриот тенисер на сите времиња…

Роџер Федерер во кариерата освои двоцифрен број на трофеи во Хале, па швајцарскиот ас неслучајно беше повикан како специјален гостин на турнирот што се игра на трева, како загревање за Вимблдон.

Во краткото обраќање пред медиумите, тој го прокоментира фантастичниот успех на Новак Ѓоковиќ, кој прв во историјата стигна до 23 титули на гранслем турнирите.

„Неверојатно, она што Новак го прави е навистина фантастично“, изјави Федерер.

Сепак, Швајцарецот одби да даде конкретен одговор на прашањето, кој е најдобар тенисер на сите времиња.

„Па, тешко е тоа да се утврди, тоа е расправа за која не постои точен одговор. Неодамна прашав мој близок пријател… Што е потешко, да се освои Вимблдон на 17 години како Борис Бекер или Ролан Гарос на 36 како Новак. Искрено, не го знам одговорот на тоа прашање“, прокоментира швајцарскиот тениски великан.

Се вчитува...