Како што се приближува Светското првенство, има многу шпекулации за изгледот на репрезентацијата на Хрватска на собирот на најдобрите во светот.
Хрватите се особено заинтересирани кој напаѓач Златко Далиќ ќе го однесе на Мундијалот. Будимир и Крамариќ се сигурни, но во борбата за преостанатите места се Муса, Бељо, Ивановиќ…
Фрањо Ивановиќ беше тема на прес-конференцијата на Бенфика.
Ивановиќ постигна девет гола на 41 натпревар за Бенфика оваа сезона, па Жозе Мурињо беше прашан за повикот на напаѓачот на Бенфика во хрватската репрезентација.
„Селекторот на репрезентацијата е селектор на репрезентацијата. Златко Далиќ е Далиќ. Тој одлучува, јас сум далеку од тоа да сакам да се мешам“, рече Мурињо и продолжи:
„Ивановиќ во моментов игра повеќе, но неговите голови покажуваат што може да донесе во одредени ситуации. Сакам да верувам дека Светското првенство ги принудува тренерите да размислуваат за илјада и една ситуација во играта, но во некои специфични околности тој е многу опасен играч кој може да им даде многу на тимовите.“
„Со сета должн почит кон Далиќ, нека одлучи што е најдобро за Хрватска“, заклучи Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
