„Малерозниот“ Хендерсон успешно опериран

Англискиот репрезентативец и актуелен член на Брентфорд, Џордан Хендерсон, беше успешно опериран во Канзас Сити по бизарната повреда на зглобот на раката, заработена за време на Светското првенство.

Искусниот играч од средниот ред се повреди на легендарниот стадион „Астека“, паѓајќи преку рекламен ЛЕД панел додека ја прославуваше драматичната победа на Англија од 3-2 против Мексико. По првичната помош во Мексико Сити, тој беше префрлен во Ортопедскиот институт во Канзас Сити, каде што врз него беше извршена хируршка интервенција.

Иако настапот на овој планетарен собир за него е предвреме завршен, поранешниот капитен на Ливерпул потврди дека операцијата поминала добро и дека останува со националниот тим во САД како поддршка пред четвртфиналниот дуел против Норвешка во сабота.

Се вчитува...