ФИФА потврди дека ќе ја разгледа можноста за враќање на руските репрезентации и клубови на меѓународни натпреварувања, откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги повика меѓународните спортски федерации да ги преиспитаат санкциите воведени врз Русија поради војната во Украина.
Доколку ФИФА донесе позитивна одлука, тоа би можело да означи крај на суспензијата на рускиот фудбал, која е во сила од 2022 година, и да им го отвори патот на руските спортисти да учествуваат на Летните олимписки игри во 2028 година.
Светската куќа на фудбалот објави дека добила информации за одлуката на МОК привремено да ја укине суспензијата на Рускиот олимписки комитет (РОК).
ФИФА наведува дека внимателно ќе ја анализира оваа одлука пред да преземе какви било понатамошни чекори, во консултација со релевантните засегнати страни.
Бидејќи ИОК ги промени своите препораки, секоја меѓународна спортска федерација сега самостојно ќе одлучи дали да дозволи враќање на руските спортисти и национални тимови.
Руските национални тимови и клубови се забранети од натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА по почетокот на целосната руска инвазија на Украина во 2022 година.
Во меѓувреме, Русите играа само пријателски натпревари со пријателски земји, вклучувајќи ја и Србија.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, уште во февруари навести дека прашањето за суспензијата треба да се преиспита, велејќи дека забраната „не постигнала ништо и само создала поголема фрустрација и омраза“.
Првите чекори веќе се преземени
Во меѓувреме, ФИФА го одобри настапот на руската репрезентација под 15 години на Светското првенство до 15 години, кое ќе се одржи во Азербејџан во октомври.
Во исто време, Инфантино повторно се најде на мета на критики поради неговите претходни врски со Русија.
Критичарите се сеќаваат на неговата тесна соработка со Москва за време на организацијата на Светското првенство во 2018 година, како и на Орденот за пријателство што му го додели Владимир Путин во 2019 година.
Од друга страна, пак, УЕФА е повнимателна од ФИФА на оваа тема, и од таму информациите дека ќе се размисли околу вклучувањето на руските клубови во европските клупски натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
