Го совлада Ѓоковиќ па доживеа експресна елиминација од Индијан Велс

Италијанецот Лука Нарди ја имаше најубавата приказна оваа недела на АТП мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс откако успеа да го елиминира најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Сепак, нешто помалку од 48 часа од најголемата победа во кариерата италијанскиот тенисер веќе во осминафиналето доживеа експресна елиминација откако за само час и дваесет минути загуби од домашниот тенисер Томи Пол со 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.

Пол во четвртфиналето ќе игра против Норвежанецот, Каспер Руд кој претходно денеска беше подобар од Французинот, Гаел Монфис.

Се вчитува...