Го суспендираа поради допинг, па објави крај на кариерата на 24 години

Шведскиот денисер Микаел Имер, се одлучи да се пензионира на 24-годишна возраст, откако му беше потврдена 18-месечната суспензија поради тоа што три пати не се појавил на допинг контролата во рок од една година.

Меѓународниот тениски сојуз (ИТФ) го суспендираше Имер на две години уште во јануари 2022 година. Имер на таа одлука се жалел и независното тело минатата година пресудило во негова корист. Но, и ИТФ се жалеше на спортската арбитража, па минатиот месец беше потврдено дека на Имер му останува суспензијата.

Најдобриот пласман на Имер беше 50. место на АТП листата.

Се вчитува...