Го видовте ли новиот „магичен гол“ на Меси?

Барселона го одржа првиот отворен тренинг за своите фанови, што беше доволна мотивација и инспирација за нов блесок на Лионел Меси.

Аргентинецот постигна фантастичен погодок откако „од прва“ со десната нога наместо да ја прими топката, се реши за лоб на голманот, погодувајќи во мрежата. Специјалност на Меси се шутеви со левата нога, но со овој потег тој само уште еднаш потврдува зошто важи за „фудбалски Бог“.

Се вчитува...