Го водеше Џордан до првиот трофеј, а по смртта во наследство му остави 200 долари

Легендарниот кошаркарски тренер Дин Смит, кој пред 36 години го водеше колеџот Северна Каролина со кој освои две титули во НЦАА лигата (1982. и 1993.), почина пред пет години на 84 годишна возраст.

По неговата смрт на сите кошаркари кои ги водел во кариерата побарал да им бидат испратени по 200 долари . Тој во кариерата тренираше 180 кошаркари, што значи дека издвоил 36.000 долари како би секој од неговите „пулени“ би се почастил.

Џејмс Ворти, Кени Смит, Сем Перкинс, Рашид Волис, Винс Картер и Ентоан Џејмисон се меѓу добитниците, но најзвучно име меѓу сите е се разбира најголемиот на сите времиња Мајкл Џордан. Богатството на Џордан вреди некаде околу 2,1 милијарда долари, но сигурно посебно му значат овие 200 долари кои ги доби од својот некогашен тренер. Тие двајца заедно го освоија шампионатот во 1982. година и тоа што во драматично финале Џордан погоди за победа, а во тимот играше заедно со Џејмс Ворти и Сем Перкинс. Противник им беше Џорџтаун во кој настапуваше Патрик Јуинг.

Се вчитува...