„Го запревме Јокиќ на 36 постиганти поени, одлично сработено“

Никола Јокиќ одигран нов фантастичен натпревар во НБА лигата. Србинот одново ја надмина „трипл-дабл“ границата реализирајќи 36 поени, 21 скок и 11 асистенции за 38 минути поминати во игра, но неговиот учинок не беше доволен за Денвер да избегне пораз на гостувањето кај Хјустон.

Говорејќи за медиумите по натпреварот кошаркарот на Хјустон, Фред ван Влит имаше интересен одговор на прашањето да ја прокоментира одбраната над Никола Јокиќ за која беше задолжен Алперен Шенгун.

„Добро одигра против Јокиќ. Тој е моментално во форма. Мислам дека нивната одбрана на нашиот напад беше да ни ги одземат додавањата од „пик енд рол“ па моравме да се адаптираме. Баравме многу од Шенгун во одбраната, го запре Јокиќ на 36, 21 и 11. Го успори, го натера да ги заслужи поените. Шала на страна, одлично сработено од негова страна бидејќи најголемиот дел од натпреварот мораше да се бори со него „еден на еден“. Мораше да биде и самиот на врв за да го добиеме натпреварот“, вели Ван Влит.

Се вчитува...