ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА – Кире Велики има 40, а игра како да има 20 години! (ВИДЕО)

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија уште еднаш покажа дека и покрај тоа што е во четвртата деценија од животот се уште е еден од најдобрите десни бекови во светот. Тој ги водеше „црвено-жолтите“ до победа над Чиле и пласман во втората фаза од Светското првенство Египет.

Официјалната страна на шампионатот посвети видео за нашиот капитен со најдобрите потези од мечот против Чиле, а над видеото стоеше напишано:

„Легендарниот Кире Лазаров покажува дека годините се само бројка. Има 40, а игра како да има 20“.

 

Се вчитува...