Годините се само бројка: Квалјарела во Сампдорија до 38 години

За поранешниот италијански репрезентативец Фабио Квалјарела очигледно годините се само бројка. Квалјарела во дресот на Сампдорија доживува нова младост. Минатата сезона со 36 години на грбот беше најдобар стрелец во Серија А, а од одење во пензија нема да биде ништо ниту следното лето.

Годините се само бројка кога квалитетот е во прашање, па затоа Квалјарела доби нов договор од клубот до летото 2021 година, па на тој начин ќе игра за Самдорија до својата 38 година.

Искусниот офанзивец моментално е на 20. место на листата на вечните стрелци во Серија А. Покрај за Сампдорија во кариерата настапуваше и за Удинезе, Наполи, Јувентус, Торино и Асколи.

Се вчитува...