Ѓока: Бевме подобар тим но затаи реализацијата, ништо не е завршено…

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока сосема очекувано не беше задоволен од поразот од словенечка Мура во првиот меч од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Ѓока нагласува дека поразот е последица на бројните нереализирани шанси на неговиот тим.

„Кога нема да постигнете гол од толку многу шанси, јасно е дека ќе следи пораз. Бевме подобар тим, но не реализиравме. Мислам дека шансите за пласман понатаму се уште постојат, но во Словенија ќе мора да реализираме, да постигнеме гол. Нема потреба нешто посебно да менуваме и за следниот натпревар затоа што покажавме целосна доминација против противникот, но ќе мора да бидеме пофокусирани во завршницата“ – истакна Ѓока на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...