Ѓока: Им благодарам на играчите за максимумот на терен, продолжуваме на ист начин…

Новиот тренер на Шкупи, Ернест Ѓока, дебитираше со победа на клупата на чаирчани. Драматичен триумф на Шкупи против Тиквеш од 3-2 извојуван со гол во 97. минута од средбата.

Ѓока по мечот наглас дека е среќен што фудбалерите го дале максимумот од себе, заблагодарувајќи им се за пожртвуваноста во играта.

„Секако дека победата дојде на крајот, но доаѓа на крајот затоа што постојано во текот на мечот атакувата по неа. Ние силно ја посакувавме и успеавме да дојдеме до победата. Тоа беше тежок натпревар, натпревар против екипа која Шкупи досега не можеше да ја добие. Денеска го скршивме малерот, мислам дека тимот го даде својот максимум, им благодарам на играчите за духот на натпреварувањето и продолживме вака… Мислам дека никој не можеше да не спречи“ – изјави Ѓока по дуелот.

Следниот натпревар од шампионатот во среда (1. мај) Шкупи го игра на гостински терен против Гостивар.

Се вчитува...