Ѓока пресреќен: Ова е Шкендија која сите сакаме да ја гледаме

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока сосема очекувано не го криеше задоволството од убедливата победа на неговиот тим против Македонија ЃП во дерби пресметката од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Ѓока е пресреќен што неговите фудбалери одиграле извонредно во фазата на нападот, што само навестува дека Шкендија до крајот на есента силно ќе атакува на што поголема бодовна предност во однос на конкурентите за титулата.

„Ова е Шкендија која сите сакаме да ја гледаме. Вистинско време на најдобар можен начин да се вратиме на победите. Денешниот противник Македонија ЃП има навистина добра сезона, затоа и максимално сериозно му пристапивме на натпреварот и тоа се виде на терен. Среќен сум што реализиравме голови со сите играчи во напаѓачката фаза. Стрелци се расположени и тоа навистина ме радува“ – истакна Ѓока по натпреварот во Тетово.

Се вчитува...