Шок за напаѓачот: Арсенал се откажа од Ѓокереш?

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, повеќе не е цел број еден на Арсенал откако англискиот клуб го отфрли поради високите финансиски барања на португалскиот клуб. Според „Рекорд“, раководството на Спортинг побарало 80 милиони евра за Швеѓанецот, а „Емирати“ не се подготвени да платат таа сума за него.

Така, „топчиите“ повторно ќе ги насочат сите свои напори кон потпишување на напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко , иако неговата цена нема да биде пониска.

Вчера, истиот извор објави дека претставниците на Ѓокереш го информирале Манчестер Јунајтед дека Швеѓанецот не сака трансфер на „Олд Трафорд“.

Јувентус исто така покажува голем интерес за најдобриот стрелец на Спортинг.

Се вчитува...