Ѓоко Хаџиевски повторно на кормилото на Хата

Искусниот македонски стратег Ѓоко Хаџиевски, по пет години одново се врати на кормилото на Хата од Дубаи, ОАЕ. Искусниот стратег и екс селектор беше тренер на оваа екипа во сезоната 2016-2017.

Последен клуб на Хаџиевски му беше Хаџер, а претходно беше дел од Емирејтс. Ги водеше и Ал Дафра, Наџран, работеше и во Азербејџан, Бугарија, од македонските клубови беше во Вардар, Пелистер, Беласица, Силекс.

Хаџиевски во Хата го комплетираше стручниот штаб составен од Македонци. Негови асистенти ќе бидат Филип Деспотовски и Филип Спасески, додека Филип Маџовски ќе биде тренер на голманите на екипата.

Се вчитува...