Ѓоко Хаџиевски, спортски директор на Беласица

Поранешниот македонски фудбалски селектор, Ѓоко Хаџиевски, е официјално именуван за нов спортски директор на прволигашот Беласица. Тој ќе биде задолжен за подобрување на спортскиот и кадровскиот дел од клубот, кој ќе се бори за опстанок во елитното друштво.

„Ја официјализиравме соработката со првиот човек на клубот. Чест ми е што ќе бидам спортски директор на клубот кој има огромна традиција во македонскиот фудбал и ќе го вложам целото мое искуство и знаење во обидот Беласица да стане клуб според реномето што го има од минатото. Ќе бидам задолжен за сите активности околу спортскиот дел и функционирањето на тимот и се надевам дека сите заедно ќе ја оствариме посакуваната цел, Беласица и следната сезона да игра во елитната македонска фудбалска конкуренција“ – изјави Ѓоко Хаџиевски за ЕКИПА.

Беласица во првото коло од пролетниот дел од сезоната, претстојниот викенд и гостува на екипата на Победа.

Се вчитува...