Ѓоко Зајков кариерата ќе ја продолжи во Левски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков ќе потпише договор со Левски. Тој ги договорил личните услови со бугарскиот тим, а утре се очекува да биде неговата промоција.

Зајков во Левски доаѓа од редовите на белгиски Шарлроа од кого беше дел во минатите шест години. Младиот одбранбен фудбалер беше дел од репрезентацијата која настапи на Европското првенство годинава, а исто така беше член и на младата репрезентација која настапи на Европското првенство во Полска.

 

Се вчитува...