Ѓоковиќ 318. недела на врвот, Надал се врати на второто место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ ја почна 318. недела на врвот на АТП листа. Србинот кој беше елиминиран во полуфиналето на АТП 250 турнирот во Белград има 11.963 бода. По титулата во Барселона, Рафаел Надал се врати на второто место на сметка на Данил Медведев кој сега е трет.

Во топ десет уште се наоѓаат и Доминик Тим, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Роџер Федерер, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Кај дамите нема промени на ВТА листата во топ 10. Ешли Барти и натаму е прва, пред Наоми Осака и Симона Халеп. Меѓу најдобрите десет се и Софија Кенин, Елина Свитолина, Бјанка Андреску, Арина Сабаљенка, Серена Вилијамс, Каролина Плишкова и Кики Бертенс. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е 339 тенисерка во свет.

Се вчитува...