Ѓоковиќ: Ако уште постоеше Југославија ќе немавме противници кои ќе можат да не победат во било кој спорт!

Актуелниот светски рекет број еден и рекордер по број на недели на врвот на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ, посочи дека да постоела денес поранешната заедничка држава Југославија, ќе доминирала во светскиот спорт.

Србинот помалку носталгично, го прокоментира ова откако неговиот сонародник Василије Мициќ беше прогласен за МВП во кошаркарската Евролига, а сѐ погласни се најавите дека Никола Јокиќ ќе биде МВП во НБА, каде Лука Дончиќ веќе е суперѕвезда и постојано ги воодушевува Американците, па Богдановиќ … Ѓоковиќ пред три години од срце навиваше за Хрватска во историското сребро на фудбалскиот Мундијал.

„Бидејќи моментно ги имаме најдобрите кошаркари на светот мислам дека сега можеме да се носиме со Американците. Мициќ е МВП на Евролигата, Јокиќ треба да биде МВП на НБА, Дончиќ, Богдановиќ се одлични… И како многу спортисти од поранешна Југославија и јас си замислувам како би изгледало сега да е заедничката држава, да играме заедно… Мислам дека немаше никој да не победи во било кој спорт, не само во кошарка. Ќе ги имавме најдобрите тимови“, вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...