Ѓоковиќ: Алкараз ќе освои многу трофеи откако ќе се пензионирам за 15 години

Пред големото финале на Вимблдон во кое силите ќе си ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, српскиот тенисер имаше пофални зборови за неговиот шпански противник.

Харизматичниот Србин и се нашали со далеку помладиот Шпанец велејќи дека му е загарантиран успех, но не сега туку кога ќе се пензионира по 15 години.

„Карлос е фантастичен човек. Тој е голем работник, харизматичен, луѓето го сакаат и има карактер му дозволува да гарантира големи работи. Сигурен сум дека ќе освои многу титули, но не во недела, туку кога ќе се пензионирам јас за едно 15 години“, низ смеа изјави Ѓоковиќ кој потоа говореше и за детството и неговото мечтаење за трофеј на најпрестижниот грен-слем турнир.

Се вчитува...