Ѓоковиќ: Бев надигран од подобар тенисер

Новак Ѓоковиќ го загуби финалето на Ролан Гарос од Рафа Надал и не успеа да додје до 18. трофеј од грен-слем турнирите. Српскиот тенисер призна дека бил надигран и по мечот имаше само пофални зборови за шампионот.

„Рафа е голем шампион и денеска покажа зошто е „крал на земјата“. За мене денеска беше тежок меч. Не сум задоволен од мојата игра. Денеска бев надигран од подобар тенисер. Добро е што можеме да играме тенис и му честитам на организаторот за тоа што ни го овозможи ова. И благодарам на оваа публика што беше со нас“ – рече Ѓоковиќ.

 

Се вчитува...