Ѓоковиќ без борба до четвртфинале на мастерсот во Париз

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Париз, откако во осминафиналето домашниот тенисер, Гаел Монфис поради повреда реши да не се ни појави на теренот во „Берси арената“.

Монфис имаше проблеми со мускулот на десната нога на мечот од претходното коло против Адријан Манарино кога уште во првиот сет бараше лекарска помош. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот меѓу Тајлор Фриц и Камерон Нури.

Меѓу осумте најдобри досега се пласираа и Полјакот, Уберт Хуркач и Австралијанецот, Џејмс Дукворт.

Се вчитува...