Ѓоковиќ без проблеми до четвртфинале во Токио

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Алехандро Давидовиќ Фокина со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-1 во осминафиналето на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Давидовиќ – Фокина пружи отпор само во првиот сет во кој на Ѓоковиќ му требаа 45 минути да го освои. Во вториот само рутински ја заврши работата. Во четвртфиналето ќе игра против домашниот тенисер, Кеј Нишикори.

Пласман меѓу осумте најдобри забележа и Александер Зверев од Германија кој беше подобар од Грузиецот, Николос Башиавили.

 

Се вчитува...