Ѓоковиќ без проблеми до ново финале на Австралија опен

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето деветто финале на првиот грандслам турнир во сезоната Австралија опен, откако во првиот полуфинален меч со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 6-2 беше подобар од руската сензација Аслан Карасев.

Србинот во ниту еден сет не му даде никаква шанса на својот противник, а во недела ќе ја брка деветтата титула на грандсламот во Мелбурн. Во финалето за противник ќе го има подобриот од второто полуфинале меѓу Данил Медведев и Стефанос Циципас кое на програмата е утре во 9:30 часот по македонско време.

Се вчитува...